Кандидатот на германските социјалдемократи за парламентарните избори во септември би освоил 49 проценти од гласовите, доколку избирачите би имале можност директно да гласаат за канцелар, а актуелната канцеларка Ангела Меркел би освоила 38 проценти.
Ова се резултатите од анкетата на социолошкиот институт „Форшунгсгрупе Вален“ за телевизијата Цет-Де-Еф.
Во анкета на истиот социолошки институт од крајот на минатиот месец Меркел водеше пред Шулц со четири процентни бода, 44 наспроти 40 отсто.