Во Велес се одржа 25-та манифестација „Вешта жена“

Од:

Во Велес синоќа по 25-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Вешта жена“ за 2017 година.

Меѓу петте натпреварувачки во седум дисциплини, за „Вешта жена“ на Велес за 2017 година беше прогласена Магда Јосифова, која се натпреваруваше за првпат.

Таа доби најмногу гласови од жири комисијата и присутните жени гости на манифестацијата.

Инаку според пропозициите на организаторот, тие се натпреваруаа во дисциплините: поставување свечена маса за четири лица, аранжирање цвеќе и салфета, главно јадење-сервирање, декорирање и вкус, декорација на десерт-торта и општ впечаток на сето подготвено на масата.

Снежана Стојановска од Тетово основач и организатор на манифестацијата „Вешта жена“ изјави дека Велес по Тетово е еден од првите градови во земјава, каде започна да се организира манифестацијата и еден од 25-те градови во Македонија каде тие имаа свои ограноци на „Вешта жена“.

Стојановска информира дека главната идеја на манифестацијата е пред јавноста да ги претстават вештите жени кои досега само во кругот на своето семејството убаво подготвувале храна и декорирале маса, а преку манифестацијата имаат убава можност да имаат можност своите вештина да ги презентираат во јавноста.

– Освен што ја вадиме од анономноста и ја парично ја спонзорираме за учество во манифестацијата, што е посебно важно ние на жените учеснички преку оваа манифестација им даваме шанса за оние кои што се невработени да станат економски силни и на овој начин и самите да заработуваат, потенцира Стојановска.

Инаку по Велес утревечер „Вешта жена“ 2017 е закажана во Гостивар. Годинава ќе се одржи во 22 градови во Македонија, а финалето на кои ќе се соберат најдобрите „Вешти жени“ од земјава е закажано на 12 и 13 мај во Лешочкиот манастир кај Тетово.

Освен во Македонија манифестацијата „Вешта жена“ деновиве по петти пат се одржа меѓу македонските жени во Берн, Швајцарија.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ