Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20 часот и 15 минути во салата „Чаир“ во Ниш го игра натпреварот број 3 во групата Б од Евроспкото првенство што се игра во Србија, а противник и е селекцијата на Данска.
Избраничките на селекторот Гино Стрезовски по двата убедливи пораза од Франција и од Шведска, шансата за пласман во следната фаза е само победа против Данска. Во зависност од исходот од првиот натпревар денеска (почеток 18:15 часот) меѓу Шведска и Франција, ќе се знае победа со колку разлика им е потребна на македонските ракометарки.
Доколку победи Шведска тогаш Македонија ќе треба да ја победа Данска со осум и повеќе голови разлика, а со нерешен резултат или победа на Франција, доволна ќе биде и минимална победа.
На чело на табелата е Шведска со 4 бодови, Франција и Данска имаат по 2, а Македонија е без бод.
Денеска се играат и натпреварите од А групата во Белград: Норвешка – Украина и Србија – Чешка.
Табела: Норвешка 4, Србија 2, Чешка 2, Украина 0.
Репрезентацијата на Украина нема шанси за пласман во следната фаза.
Вчера беа одиграни натпреварите од 3.коло од Ц и од Д групите, а репрезентациите на Хрватска и на Исланд се двете кои неуспеаја да се пласираат во следната фаза. Во драматичен дуел во Нови Сад Хрватска го загуби дуелот со Германија, а Анета Пераица од контранапад не постигна гол за изедначување и за пласман на Хрватска во следниот круг.
Исланд ги загуби трите натпревари, а на првенството влезе како замена за Холандија која ја откажа организацијата.
Ц група (Нови Сад): Унгарија – Шпанија 32:31 и Германија – Хрватска 17:16.
Табела: Унгарија 4 бодови, Шпанија 4, Германија 2, Хрватска 0.
Д група (Вршац): Црна Гора – Романија 23:20 и Русија – Исланд 30:21.
Табела: Црна Гора 6, Русија 3, Романија 3, Исланд 0.
Трите првопласирани репрезентации од групите ја формираа Групата 2, со тоа што Црна Гора и Унгарија имаат по 4 бодови, Шпанија 2, Русија и Романија по 1, а Германија е без бод. Натпреварите од оваа група стартуваат утре.