Египетската полиција минатата недела го уапси лидерот на локалната терористичка мрежа, осомничена за учество во нападот од 11 септември годинава за нападот врз Конзулатот на САД во либискиот град Бенгази, објави „Волстрит џурнал“.
Американски оифицијален претставник го потврди апсењето, без да наведе повеќе детали.
– Египетските власти го уапсија лидерот на локалната терористичка мрежа, осомничена за учество во нападот од 11 септември годинава за нападот врз Конзулатот на САД во либискиот град Бенгази, при што загина американскиот конзул и уште тројца Американци. Приведен е 45-годишниот Мухамед Џамал Абу Ахмад. Тој бил ослободен од египетски затвор мминатата година по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак, пишува „Волстрит џурнал“.
Весникот додава дека американските разузнавачки служби помогнале во апсењето на Ахмад, но нема информации каде тој е уапсен.
Ахмад по излегувањето од затвор ја формирал мрежата Џамал, чии членови биле обучувани во Либија и во Египет. Се претпоставува дека мрежата е финансирана од јеменскиот огранок на Ал Каеда.
– Според западните антитерористички служби Ахмад е еден од најопасните луѓе во регионот по Арапската пролет, наведува „Волстрит џурнал“.