САД и Турција договорија продолжување на воената соработка

Од:

САД и Турција ќе го продолжат „целиот спектар на билатералните воени активности и консултации“ и ќе бараат заеднички патишта за натамошно зајакнување на соработката во областа на одбраната во иднина, соопшти денеска Пентагон.

Како што се наведува во соопштението, ова било договорено вчера во Брисел на средбата на министрите за одбрана на САД и Турција, Џејмс Матис и Фикри Ишик.

Матис го потенцирал придонесот на Турција во НАТО и го поздравил транспарентниот дијалог со овој „американски сојузник, кој се соочува со сериозни закани, како во рамки на сопствените граници, така и надвор од нив“.

Тој го уверил својот турски колега во „поддршката на САД за нивниот стратешки партнер Турција во борбата против џихадистичката групација Исламска држава“.

Ишик изјави денеска во Брисел дека началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд ќе пристигне во посета на Турција на разговори во врска со операцијата во Рака.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени