Притвор за жител од Љубин за полов напад

Од:

Триесет и петгодишниот Б.И. од скопското село Љубин доби триесет денови притвор како осомничен дека извршил полов напад врз две малолетни девојчиња, ќерки на неговата невенчана сопруга Н.И.(46) од Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека мерката притвор ја изрекол судија во претходна постапка на Основниот суд во Тетово откако вчера Б.И. како осомничен сторител на посоченото дело бил лишен од слобода и задржан од страна на тетовската полиција.

Според досегашните податоци од истрагата двете девојчиња биле ќерки на тетовката од нејзините два претходно, исто така, невенчани бракови, а осомничениот Б.И. пред неколку години ја напуштил Н.И. и само повремено доаѓал во нејзината куќа во Тетово рече Јосифовски.

По определениот притвор осомничениот бил предаден во притворското одделение од КПУ Скопје во Шуто Оризиари.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски