На Светското првенство во скијање во алпски дисциплни што се одржува во Сент Мориц денеска се возеа квалификациските трки во велеслалом во машка конкуренција, а Македонија имаше четири претставници и ниту еден не оствари пласман со завршени две трки.
Лука Божиновски не ја заврши првата трка, а дисквалификација во првата трка имаше Виктор Петков. Антонио Ристовски првата трка ја заврши на 61. место, но не стартуваше на втората трка, додека Марјан Нашоку не ја заврши втората трка.
На стартот во квалификациите се појавија 127 скијачи, а пласман постигнаа 75.
Денеска настап на главната велеслаломска трка кај жените имаше и македонската скијачка Лидија Симјановска, но таа остана без пласман бидејќи беше дисквалификувана. Таа утре ќе настапи и во квалификациите за слалом.
Во сабота во квалификациите за слалом кај мажите ќе се појават четворица македонски скијачи: Лука Божиновски, Антонио Ристовски, Дардан Дехари и Воислав Синадиновски.