(ВИДЕО) Шилегов: Во обид да се спасат од одговорност, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат заговори

Од:

По изјавата, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов одговараше на новинарските прашања.

Дали имате сигнали од ДУИ за преговорите?

Очекуваме, во текот на вчерашниот ден ви кажав дека сигналите ќе бидат во форма и во вид на потписи за мандат за состав на новата Влада.

Има најави дека партиите на Албанците најавуваат нацрт-закон за употреба на јазиците коишто евентуално би го доставиле до вас?

Во оваа фаза зборуваме за мандат за состав на Влада. Ниту зборуваме за содржина, ниту зборуваме за форма и вид на Владата, и дали ќе се постигне таков договор. Кажавме и вчера, она што треба да го добие СДСМ е мандат за состав на Владата.

Ако ВМРО ДПМНЕ биде во опозиција, очекувате да направи некој инцидент или немири во државата?

Од изборите навака се изнаслушавме секакви глупости од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ за наводни страотни сценарија за иднината на Македонија. Единствено што немаме чуено е дека некаков си опсерваториски центар на ВМРО ДПМНЕ ќе предвиди дека доколку СДСМ и Заев направат Влада дека метеор ќе ја погоди баш Македонија. Македонија е мирна, стабилна и демократска држава. Суштината на кризата во којашто се наоѓа Република Македонија е паѓањето на власт, којашто е исклучиво криминална и криминогена. Длабоко во оваа криза што ВМРО ДПМНЕ сака да ја прикаже како не знам каква криза и заговор за целиот свет против Македонија, лежи обидот на Никола Груевски и криминалното раководство да се спасат од сопствената иднина којашто очигледно во услови на нормални судења ќе биде во затворските институции во Република Македонија.

Очекувате ли реакции од антикорупциската комисија за хипотеката на зградата на ВМРО ДПМНЕ, со оглед на тоа што вие кога земавте исто кредит имаше реакции?

За жал регулаторните тела се целосно партиски поклопени така што не очекуваме дека антикорупциска ќе преземе било што. На сите овие скандали што се јавија за носителите на високи државни функции во Република Македонија во изминатиов период антикорупциската комисија остана нема, дури вие новнирате не смеевте да поставите прашања за Никола Груевски да поставите вие, така што и небитно е на крајот на денот дали антикорупциска комисија ќе покрене постапка. ВМРО ДПМНЕ се покажа и се докажа дека е доволно богата партија, така што имотот што ќе биде предмет на заплена по промена на власта за да неможе хипотеката да ја спаси зградата.

Постои ли незадоволство во членството на СДСМ на начинот којшто Зоран Заев ги води преговорите?

Органите, структурите на СДСМ во целост се согласни со политиките коишто ги води Претседателот на партијата, не постои незадоволство кај членството, дали постојат индивидуални поинакви размислувања е демократско право на секој член на СДСМ да истакнува некое такво незадоволство. СДСМ е предводник на битката против корумпираниот и бандитски режим на Никола Груевски, таква и ќе остане без оглед дали некој во момент се сложува или не. Она што е факт, а тоа е дека целосното раководство, сите органи на СДСМ во целост ја имаат одобрено таа политика, индивидуални фејзбук статуси на поранешни функционери или членови на СДСМ нити влијаат, нити можат да влијаат на одлуките на органите на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа