Македонската скијачка Лидија Симјановска денеска настапи во дисциплината велеслалом на Светското првенство во Сент Мориц, Швајцарија. Таа првата трка ја заврши на 80.позиција со време 1:17.41 минута што е за 15,4 секунди побавно од водечката Теса Ворли.
Французинката Ворли го отвор натпреварувањето, а нејзиниот стартен број 1 и донесе среќа и прво место со време 1:02.01 минута.
Заостанување за 0,48 секунди има второпласираната Софија Гоџа од Италија.
Третото место е за Микаела Шифрин од САД со време 1:02.73 или 0.72 секунди заостанување зад Ворли.
Следните натпреварувачки втората трка ќе ја започнат со повеќе од една секунда заостаток зад водечката.
Второто возење е закажано за 13 часот, а во него се квалификуваа првите 30 од првата трка.