На отвореното првенство на Велика Британија во снукер кое се игра во Јорк прв финалист е Шон Марфи, кој славеше со 9:8 со фантастичен пресврт, наниша 5 фрејма по ред.
Алистер Картер го отвори мечот со 3:0, поведе и со 8:4 подоцна, но еден огромен пад во неговата игра и се ориентира на дефанзива, и Шон Марфи успеа да изедначи на 8:8.
Во одлучувачкиот фрејм Марфи разбиваше, а Картер одлучи од огромна далечина да одигра офанзивно и погоди по што нанижа брејк од 32 пред да направи грешка која Марфи не ја искористи, тој направи брејк од 39 и одигра дефанзивно.
По малку надмудрување, Марфи беше подобар и ја почисти масата за своето второ финале, во 2008 беше победник.