Земјотреси синоќа се регистрирани во близина на грчките острови Лезбос и на Крит.
Земјотресот во близина на Лезбос бил се интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, додека во околината на Крит бил со магнитуда од 4,5 степени и бил почувствуван во градот Ираклион.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето на 64 километри северозападно од Лезбос, а вториот на 36 километри југоисточно од градот Тимбаки.