Ова треба да го слушне секое дете

Од:

Приоритет на секој родител е да има добри децата. Но, на тоа мора да се работи. Да се разговара со децата, затоа што тоа е важно.

На децата им е важно да почувствуваат дека родителите ги сакаат и почитуваат, важно им е да знаат дека нивниот глас се слуша. И затоа, вашето дете мора да ги слуиша овие работи од вас:

– Те сакаме и среќни сме што токму ти си наше дете

Овие зборови треба да им ги кажувате на децата што почесто. Ништо во животот не се подразбира, па ни љубовта.

– Ти благодарам

Кога детето ќе направи нешто убаво за вас, кога нешто ќе ви даде или ќе ве послуша за нешто што сте го замолиле, кажете му „благодарам“. Почитувајте ги децата за да ве почитуваат и тие вас. Ставете им до знаење дека го цените нивниот труд, дури и ако во прашање се ситници.

– Раскажи ми.. како беше во училиште, во парк, кај баба и дедо…

Но, тогаш навистина да ги слушате. Немојте да миете садови, пеглате, одговарате на мејлови додека ви раскажуваат. Тоа е единствен начин секогаш да знаете што во тој момент е важно за вашето дете, а она што на нив им е важно и на вас ви е најважно во светот, зарем не?

– Луѓето прават грешки, и мама и тато понекогаш грешат

Проблемите во животот не е возможно да се избегнат. Сите ние грешиме, луѓе сме. Затоа е важно да не ги навредуваме децата кога ќе погрешат во нешто. И да се потсетуваат дека животот меѓу другото се и грешките кои ги правиме.

– Што ти мислиш за…

Разговарајте со децата. За нешто што сте виделе на прошетка, во цртаните филмови, кои сте ги гледале, за книгата, која заедно сте ја читале. Тоа е најдобар начин да стекнете увид во нивниот поглед на светот. И единствен начин навистина да ги разберете. Слушајте ги, дури и ако не се согласувате со нив. А ако не се согласувате, кажете им. И разговарајте, додека не ги усогласите ставовите. Така се одгледуваат среќни деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска