Лекарите со писмо до пациентите: Нема да не натераат да ве лекуваме како што не треба

Од:

Штрајкувачкиот одбор на Самостојниот Синдикат на Клинички Центри и други здравствени организации пред утрешниот протестен собир со соопштение до пацинтите уште еднаш ги демантираше обидите да се оцрнат и етикетираат како „несовесни лекари“ преку провладините медиуми.

„Во тек е генерален штрајк на лекарите од јавното здрваство.Со штрајкот ги штитиме своите права како ваши лекари и не дозволуваме да не тераат да ве лекуваме како што не треба и не смее-спротивно на стандардите и етиката.

-Нема да дозволиме да бидеме лоши лекари а вие незадоволни пацинети. Со тоа ги штитиме нашите работнички права загарантирани со Уставот на РМ и вашите уставни права на живот и здравје.

Спротивно на дезинформациите кои што кружат, и во време на штрајкот е предвидено секој пацинет да биде прегледан, а на секој кој му е потребно ќе му биде укажана соодветна итна здрваствена услуга.Затоа ви благодариме за досегашното разбирање и поддршка и ве молиме да издржите со нас во остварувањето на нашите и ваши права“ се вели во сооппштението на ССКЦ.

Лекарите упатија порака до сите поединци, невладини организации, да ги поддржат на утрешниот протестен марш.Собирот е од 11.часот до 11.40 часот  пред Фонтана кај градскиот парк. Од тука колоната со лекари и сите што ги поддржуваат ќе се упати кон Владата каде што треба да пристигне во 12.05 часот, а ќе има и обраќање на дел од штрајкувачкиот одбор. На штрајкот е најавено да  се приклучат и лекари од сите градови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор