СДСМ: Тодоров да престане да се фали со лекови стари повеќе од една деценија

Од:

„Министерот во заминување Никола Тодоров да престане да манипулира со ранливите категории на граѓани и лековите кои се стари да им ги претставува како нови и револуционерни. Додека светот употребува најсовремени лекови за справување на болести, Тодороов се фали со лекови кои се стари повеќе од една деценија.

Лекот „Сорафениб“ за карционом на црн дроб е во употреба веќе 10 години. „Оксалиплатин“ е 21 година во употреба ,а „Бевацизумаб“ е лек со лиценца стара 11 години. Ова е само една од причините зошто Македонија според ЕХЦИ индексот е помеѓу трите најлошо рангирани земји во Европа по стапката на преживување на болните од малигни заболувања. Наместо да се грижеа за здравјето на граѓаните, Тодоров и неговите соработници се грижеа само за провизии и тендери за скапата и неупотребена медицинска опрема.

Доколку некои од овие лекови се употребуваа за време на министерувањето на Тодоров немаше да бидеме на дното на Европа по резултатите во лекувањето на малигните заболувања. Поради неспособноста на Тодоров и неговите соработници новите и иновативни лекови не им се достапни на граѓаните на Македонија на позитивната листа и затоа сме на дното во Европа според ЕХЦИ и за достапноста на нови лекови.

Граѓаните на Македонија имаат право на ефикасен и квалитетен здравствен систем, воден од стручни и одговорни лица. На граѓните им битно нивното здравје и затоа избраа промени и ставија крај на тендер политиките во здравството. Токму затоа итно е потребна нова Влада на граѓаните за Македонија никогаш повеќе да не биде на дното на ниту една ранк листа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем