Медицинската сестра која ја откри бременоста на Кејт, пронајдена мртва

Од:

Медицинската сестра Џакинта Салдана, којашто беше на дежурство минатата среда во лондонската болница Едвaрд Седми во времето на додека таму беше хоспитализирана војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, во денеска била пронајдена мртва во нејзиниот дом, а според првичните сомневања станува збор за самоубиство. Меѓутоа, сé уште нема официјална потврда за тоа.

Несреќната жена непрепознавајќи го акцентот примила лажен телефонски повик од личност којашто се претставила како британската кралица Елизабета Втора и го пренасочила повикот на друга сестра која потоа ги издала медицинските податоци за здравствената состојба на пациентката.

Управата на болницата Едвард Седми во која работела Салдана, а во која од понеделникот до четвртокот меше сместена војвотката од Кембриџ поради проблеми во раната бременост, објави дека станувало збор за првокласна, почитувана и популарна меѓу персоналот и пациентите медицинска сестра која во таа болница работела повеќе од четири години.

Болницата во соопштението потврди дека починатата неодамна беше жртва на лажен телефонски повика во болницата, како и дека и’ била пружена поддршка во текот на тешкиот период за неа.

По инцидентот, управата на болницата, станува збор за приватна клиника од затворен тип, му се извини на кралското семејство и вети дека ќе ги преиспита внатрешните регулатива за телефонските повици од надвор.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство