Шон Спејсер: Трамп знаеше со недели дека Флин манипулирал за контактите со Русија

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп знаел од недели дека неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин ја довел во заблуда Белата куќа за контактите со Русија, но не го терал веднаш да поднесе оставка. Ова го соопшти вчера портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Портпаролот посочи дека Трамп бил информиран кон крајот на јануари дека Флин не му ја кажал потпретседателот Мајк Пенс целата вистина за разговорот со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислљк, одржан пред инаугурацијата на претседателот. Пенс разбрал за „нецелосните информации”, кои ги добил од Флин, од извештаите на медиумите кои се појавија кон крајот на минатата недела, додаде портпаролот на Белата куќа.

Флин ја напушти функцијата во понеделникот, откако Трамп побара негова оставка. Претседателот на САД се надева дека ќе избере нов советник за национална безбедност до крајот на неделава.

Според зборовите на Спајсер, Флин поднел оставка откако Трамп изгубил доверба во него.

– Правниот советник на Белата куќа го разгледа случајот и заклучи дека не станува збор за нарушување на законот, туку за прашање на (загубена) доверба, истакна портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада