Марковиќ со порака до Русија: Тргнете ги рацете од Црна Гора

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска изјави дека Русија и нејзините сојузници во Црна Гора треба да престанат да ја дестабилизираат земјата со тоа што се спротиставуваат на членството во НАТО.

– Треба да ги тргнете рацете од Црна Гора, посочи Марковиќ.

Неговата изјава уследи откако проруските опозициски партии го осудија барањето на црногорското Обвинителство за одземање на пратеничкиот имунитет на двајцата лидери на опозицискиот Демократски фрон, кои се осомничени за учестви во прорускиот заговор за соборување на црногорскта Влада поради членство во НАТО.

Обвинителството побара одземање на имунитетот на Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ за да може да бидат приведени и евентуално, изведени пред суд.

Парламентот за барањето на Обвинителството ќе гласа утре, а некои опозициски групи најавија протести во Подгорица.

Околу 20 луѓе меѓу кои и руски државјани беа обвинети за обид за преварт во денот на изборите во Црна Гора во октомври минатата година. Заговорот вклучвал и план за убиство на премиерот и соборување на владата за да се спречи членство на Црна Гора во НАТО. Мандиќ и Кнежевиќ се лидери на партии од Демократски фронт кои се против членство во Алијансата. Тие бараат референдум за членството.

Би можело да ве интересира

Русија собори пет украински беспилотни летала

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој