Три работи кои децата ги учат уште во матката

Од:

Научниците открија дека луѓето учат одредени работи дури и пред да се родат:

1. Доживување на вкусовите

Професорот Петер Хепер од Универзитетот Квинс во Белфаст истражувал дали човекот развива вкусови уште пред да се роди. Тој спроведе студија во која одредена група бремени жени јаделе лук, додека друга група не јаделе. Децата, чии мајки во текот на бременоста јаделе лук и самите тие уживале во тој вкус од најраната возраст. Истиот резултат е добиен и со мајките, кои во текот на бременоста пиеле сок од морков. Хепер вели дека најверојатно на тој начин децата ги препознаваат своите мајки: тие го чувствуваат истиот вкус во матката.

2. Слушање звуци

Група научници од Финска спровеле експеримент, во кој една група бремени жени секојдневно слушале приспивни песни, а друга воопшто не слушале. Бебињата од првата група мајки реагирале на песните по раѓањето, додека на втората група мајки биле индиферентни. Истражувачите дошле до заклучокот дека бебињата најверојатно ги меморирале приспивните песни уште во матката.

3. Препознавање на говорот

Атена Вуломанос, психолог од Универзитетот Њујорк ги споредувала реакциите на говор и звуците кај новородените бебиња и открила дека бебињата реагираат на говор. Тие дури реагирале и поинтензивно кога ќе го слушнеле мајчиниот јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска