Центар Жупа ќе ја добие првата спортска сала

Од:

Во завршна фаза се работите околу изградбата на спортската сала во Центар Жупа и доколку се оди според планираната динамика надлежните институциите очекуваат набрзо да биде пуштена во употреба.

Салата е во непосредна близина на деветолетката „Мустафа Ќемал Ататурк“ во чиј двор, со забрзана динамика, се одвиваат и работите околу изградбата на комплексот отворени спортски терени.

– Благодарение на поддршката од Владата, преку Министерството за образование и наука, првпат нашата општина добива голема спортска сала, што е од големо значење бидејќи сите спортски, културни и други манифестации во иднина ќе се одржуваат тука, изјави Ариан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа.

Инвестицијата за изградбата на објектот е 330 илјади евра. Салата ќе има 300 седишта, соблекувални, како и сите други потребни простории кои треба да ги има еден ваков објект.

Комплексот отворени спортски терени за мал фудбал, кошарка, одбојка и ракомет исто така се со капацитет од 300 седишта, зафаќаат површина од 2.500 квадратни метри. Ќе бидат инвестирани над 70 илјади евра, средства исто така, добиени од МОН.

Би можело да ве интересира

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во првото пријавување во прва година запишани само 10 ученици

Поради масовната миграција: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Горан Наумовски

Кривични пријави за дебраните кои се истепаа во слаткарница во Центар Жупа

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа

А1он