За празникот Св.Трифун бесплатен воз од Скопје до Демир Капија

Од:

Воз на Македонски железници Транспорт денеска бесплатно ќе превезува патници од Скопје за Демир Капија, каде се одржува традиционалната манифестација „Недела на традицијата Св.Трифун“.

Возот тргнува од Скопје во 08:10 часот, во Демир Капија ќе пристигне во 10:00 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15 часот. За време на манифестацијата, на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса, вино и ракија.

На централниот настан денеска ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова” и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди”.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска