Сведоци на одбраната даваа искази за „Диво насеље“

Од:

На денешното судско рочиште за случајот „Диво насеље“ во Врховниот суд во Скопје сведочеа седумина сведоци предложени од одбраната на обвинетите. Роднини, соседи и пријатели на обвинетите зборуваа за денот пред судирот на полицијата со терористите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

Првиот сведок, кој е вработен во МВР, во исказот даден по барање на обвинетиот Арсим Бајрами, бидејќи биле колеги, рече дека утрото на 9 мај го видел обвинетиот Бајрами во селото Речица. Бајрами му рекол дека оди кон полициската станица бидејќи го повикале, а инаку бил на боледување. Обвинетиот Бајрами завршил Факултет за јавна администрација на Државниот тетовски универзитет, а работел како полицаец во МВР.

Судењето за „Диво насеље“ треба да продолжи во петок, кога 37-мина обвинети за тероризам во овој случај за прв пат ќе дадат исказ пред судот.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

Орце Костов

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски