Кандидатот за германски канцелар на Социјалдемократска партија, Мартин Шулц наголемо говори за штетата врз Европа која може да настане по излегувањето на Грција од Еврозоната, пишува грчки „Етнос”.
– Оној кој флертува со Грегзит, си игра со распаѓањето на Европа. Такво нешто може да биде во интерес на Доналд Трамп или на Марин ле Пен, но сигурно не и на Германија и Европа. Тоа е исклучително опасно, истакна Шулц во интервју за денешен „Велт”.