Профитот на Кока-Кола падна 55 отсто во последното тромесечје, а паднаа и приходите од продажбата на најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци додека продолжува да го реструктуира своето работење.
По деловниот извештај, Кока-Кола заработила 550 милиони долари во последното тромесечје во 2016 година, додека во претходната година остварила профит од 1,24 милијарди.
Вкупниот профит паднал од 10 милијарди долари на 9,41 милијарда, што е последица од силниот долар, аквизицијата и продажбата на дел од работењето.