Кинескиот извоз порасна во јануари 2017 година повеќе од што се предвидуваше, покажуваат последните податоци. Тоа е најнов знак за подобрување на втората најсилна светска економија, бидејќи лидерите на многу земји, како што наведе агенцијата Франс прес, се подготвуваат за можни трговски спорови со претседателот на САД Доналд Трамп.
Силните показатели на кинескиот извоз сугерираат на тоа дека Пекинг настојува да се позиционира како лидер на глобалната трговска сцена во очекување на американско повлекување од мултилатералните трговски договори под протекционистичката администрација на Трамп.