Друштвото на писатели на Македонија денеска слави 70 години постоење

Од:

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на денешен ден, на 13 февруари 1947 година. Во изминатите седум децении во ДПМ своите творечки и организациони заложби ги здружија 540 писатели кои создадоа илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца.

Големиот јубилеј, 70 години од формирањето, ДПМ ќе го добележи со свечен собир на 16 февруари во 12 часот. На собирот реч за седумдеценискиот развој на ДПМ ќе има претседателот на писателската асоцијација Веле Смилевски, а потоа ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни дела: „Ацо Шопов“, за поезија, на Гордана Михаилова Бошнакоска, „Стале Попов“, за проза, на Лилјана Пандева, „Димитар Митрев“, за критика, на Кристина Николовска и „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, на Александар Поповски.

Образложенијата на одлуките за овие признанија ќе ги презентираат претседателите на жири-комисиите Виолета Танчева Златева, Наташа Аврамовска, Маја Јакимовска Тошиќ и Стојан Тарапуза. На средбата ќе биде врачена Повелба на ДПМ на Трифун Костовски за долгогодишна континуирана поддршка на културните и творечки процеси во Република Македонија. Присутните ќе имаат можност да ги проследат музичките нумери на гудачко дуо Пламенка Трајковска. Програмата ќе ја води Александра Велинова.

Би можело да ве интересира

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ