ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија не сакаат да бидат водени од криминалци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение го нападна пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов дека криминално се збогатил.

„Милионерот Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ донирал 60.000 денари или тројно помалку од парите кои на партијата великодушно и ги дале невработениот студент Ивана Туфегџиќ и соросовиот платеник Павле Богоевски.

Шилегов, за разлика од Туфегџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе, па така за две години според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години.

Јавноста има право да знае дали Шилегов по добро разработен план сам на себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа Шилегов? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

Според сите индиции, Шилегов е новата Радмила Шекеринска која е позната по тоа што си изнајмува сама на себе станови за 5.000 евра. Тоа е начинот на работа на СДСМ. Тоа е и политиката на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Врескај и демолирај глумејќи борба за демократија, а зад камерите полни ги џебовите и сметките. Лидерот Заев отиде и чекор понапред, па цела јавност и на снимка можеше да види како бара по едно евро од квадрат за Вицето.

Затоа СДСМ ги загуби изборите. Граѓаните на Република Македонија не сакаат да бидат водени од криминалци“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито