Итна евакуација поради попуштањето на најголемата брана во САД

Од:

Жителите кои живеат низводно највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил во северна Калифорнија, итно се евакуирани откако властите јавиле дека браната може да попушти поради пукнатините што се отвориле од силниот притисок на водата што се собрала по обилните врнежи.

– За околу 130.000 жители наредена е итна евакуација во регионот низводно браната, наведе локалниот шериф на социјалните мрежи, нагласувајќи повеќепати дека не станува збор за вежба.

Калифорнискиот Завод за водни ресурси објави на Твитер вчера околу 16.30 часот по локално време, оти се предвидува дека браната ќе попушти во наредните неколку часови.

Количината на водата во петокот била помала од два метри од врвот на браната, а пораснала поради големиот дожд и снег што следеа по тешката суша во Калифорнија.

Калифорнискиот гувернер Џери Браун поради поплавата и свлечиштата од Сојузната служба за вонредни состојби побара да се воведе елементарна непогода.

Инженерите уште во четвртокот почнале да испуштаат вода од акумулациското езеро спротиводно од браната, забележувајќи дека на еден дел недостасуваат големи парчиња бетон. Дупката која се појави со текот на времето се прошири, па властите очекуваат наскоро да се урне тој дел од браната, иако до пред два дена тврдеа дека нема никаква опасност.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа