Дејвис: Не смееме да имаме вакви падови во играта

Од:

ЖРК Вардар ја продолжи серијата од осум меча по ред во кои победува во ракометната Лига на шампионки и 10 средби без пораз. За првпат победен е против Турингер на гости (31-29), покажувајќи две различни лица во играта. Одлично прво полувреме, и проблематично второ.

– Почнавме добро, во одбрана и напад, и без брзање. Потоа направивме измени и тргна се лошо. Секогаш тргнуваме добро, а потоа имаме падови. Треба сите да играат кога ќе им се даде шансата. Ако продолжи вака ќе мора да играме само со седум играчи. Победивме пак, но не треба да имаме вакви падови, изјави Давид Дејвис, тренерот на Вардар.

Со овој триумф Вардар останува на лидерското место во групата и теоретски го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Вардарки имаат 13 бода и уште три натпревари за играње.

– Навистина крајно неизвесен натпревар. Веројатно ниту ние не очекувавме да имаме така одлично прво полувреме. Потоа дозволивме да не стигнат, бидејќи имавме доста грешки. На крајот сепак победивме, два бода се два бода. Ние ја продолжуваме непобедливоста, и ќе треба да ги отстраниме грешките што ги правевме, вели Андреа Лекиќ, средниот бек на Вардар.

Во следното коло Вардар ќе биде домаќин на Будуќност на 26 февруари во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска