СДСМ: Фрустрацијата на отфрленост на Груевски нема да го спречи развојот на граѓанска Македонија!

Од:

„Македонија оди напред. Демократските процеси се незапирливи.

Ја разбираме фрустрацијата на отфрленост на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но порачуваме дека тоа не смее и нема да влијае на развојот на Македонија во слободна, модерна држава, со независни граѓани и институции и евро-атлантски перспективи.

Луѓето знаат дека на изборите СДСМ излезе во коалиција со политички субјекти но и со граѓани, за што се доказ пратеничките листи на кои за прв пат во политичата историја на Македонија се најдоа граѓани индивидуалци и претставници на сите етнички заедници.

Граѓаните го поддржаа тој концепт на отвореност и заедништво и во огромно мнозиство од 612.000 граѓани, без разлика на нивната различност, гласаа за промени и живот, наспроти режим и исто, интеграција, заедништво и соработка наместо изолација, поделби и омраза.

На таквите кредибилни избори победи граѓанска Република Македонија и тоа е иднината. Назад нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ