Ракометарките на Вардар СЦЈС ја завршија европската одисеја во Купот Челинџ откако го загубија двомечот со шведските ракометарки од Х65 Хор. Во реваншот во Скопје, гостинките победија со 26-20 (13-10), што беше нивна втора победа во меѓусебните натпревари.
На првиот натпревар минатата недела Х65 победи со 26-13.
Вардарки добро тргнаа во натпреварот со водство 2-0, но тоа беше знак за будење на гостинските кои веднаш направија серија од 3-0 и поведоа со 3-2. Кога Х65 поведе со 6-4 тренерот Симе Симовски побара тајм аут надевајќи се дека нешто ќе смени во играта. Но, ништо не се смени, Вардар промашуваше а Хор тоа го казнуваше.
Во 24 минута гостинките ја имаа и најголемата разлика „плус 6″ за водство до 12-6. Во следните шест минути домашните ракометарки успеаја да намалат на минус три гола (10-13) со кој резултат се замина на полувреме.
Само што почна второто полувреме Вардар покажа дека знае како да се справува со одбраната на Хор. Гостинките постигнаа гол за водство од 14-10, а потоа следуваше серија од 4-0 со што резултатот беше израмнет на 14-14. Тоа беше знак за гостинскиот тренер за „минута одмор”, но потоа следуваше добра одбрана од Драгана Петковска, а нападот ја прокоцка шансата за водство.
Кратко траеше добрата серија на Вардар СЦЈС зашто гостинките повторно резултатски „избегаа”, овојпат на шест гола разлика, 18-23 во 51 минута. Остануваа само 8 минути до крајот, и малку надеж младите вардарки барем со победа да се простат од Купот Челинџ.