СДСМ: Јакимовски е минато исто како Груевски!

Од:

„И Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски.

На парламентарните избори граѓаните на Карпош кажаа што мислат за работата на Јакимовски и на ВМРО-ДПМНЕ и го казнија нивното криминално владеење и во општината што ја уништија.

Граѓаните не сакаат тендер политичари. Не сакаат некој како Јакимовски да продолжи да прави масакр на зеленилата во општина Карпош и да гради непотребни објекти за лично богатање и коалициски бизниси. Додека нивното здравје се нарушува поради огромното загадување на воздухот.

Граѓаните избраа промени, сакаат нови одговорни политичари и квалитетен живот.

Македонија ќе добие нова Влада на граѓаните и ќе добие чесни и посветени градоначалници кои ќе работат во интерес на граѓните.

Никогаш повеќе да не се повторат политички профитери како Стевчо Јакимовски и неговиот партнер Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ