Германија денеска ќе добие нов претседател, кој се избира во Парламентот, а според договорот на најголемите партии, тоа ќе биде Франк-Валтер Штајнмајер.
Сојузниот уставен суд во 2014 година потврди дека претседателот на Германија ја претставува земјата при посетите во странство. а на внатрешен план го симболизира единството на земјата. Неговата функција и задачи се значително редуцирани поради искуството од нацистичка Германија.
Претседателот се залага за човековите права, промовира владеење на правото и демократски дијалог. Негови основни теми исто така се обезбедување на мир. борба против тероризмот, европско единство и заштита на климата и природната средина.
Шефот на германската држава го предложува канцеларот, именува и разрешува министри, како и сојузни судии, високи државни функционери и воени лица.