Од 8:30 часот утре без вода ќе бидат корисниците од улиците „Марко Крале“, „Дабница“, „Лопушник“ и дел од улицата „Зуфер Мусиќ“.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради поврзување нова мрежа на крстосницата на улицата „Дабница“ со улицата „Лопушник“. Прекинот ќе биде се до завршување на работите.