Велика Британија ќе регрутира ученици за одбрана од кибер напади

Од:

Ученици од училиштата во Англија ќе имаат можност да се обучуваат за кибер безбедност, во обид да се откријат потенцијални експерти за идната одбрана на Велика Британија од кибер напади.

Според лондонските медиуми, планирано е да се обезбедат 570 ученици на возраст од 14 години или постари од нив, кои ќе се согласат да минуваат по четири часови неделно, во рамките на „пилот програмата“ од пет години.

Обучувањето на учениците, што ќе се одвива во училници и кабинети, како и он-лајн, превидено е да почне во септември оваа година.

Најавата на стратегијата за формирање кадри за кибер борбата, доаѓа по заклучоците на една британска парламентарна комисија за тоа дека земјата „нема доволно обучени кадри“ за одбрана на Велика Британија од кибер напади.

Опасноста од кибер напад, извршен од некоја криминална група или од странска земја, врз виталните британски компјутерски системи, сега е рангиран како еден од четирите најголеми закани за државната безбедност.

Британските медиуми потсетуваат на случувањата во текот на минатата година, кога руските хакери и Русија беа обвинети во САД за извршениот напад врз штабот на Демократската партија во текот на изборната кампања, за да му се помогне на републиканскиот кандидат и за да и му се наштети на неговиот демократски противкандидат.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца