Започна изградбата на канализациска мрежа во Брвеница

Од:

Над три илјади жители од населеното место Брвеница за шест месеци ќе добијат фекална канализациска мрежа. Изградбата на канализацијата почна денеска, а ќе се гради и колектор за пред-третман на отпадните води.

Инвестицијата изнесува 21,5 милиони денари, обезбедени од Европската инвестициска банка.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со изградбата на новата канализациска мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Брвеница.

Канализациската мрежа беше едно од главните барања на жителите на населеното месо Брвеница до централната власт, бидејќи досега отпадните води беа третирани со септички јами, укажуваат од ресорното Министерство.

Би можело да ве интересира

Пендаровски од Брвеница: Ќе продолжам да градам мостови на соживот

А1он

Тетовец пукал на семејна веселба, куршум завршил во куќа на соселанец

Во Брвеница се пукало на семејна веселба, проектилот завршил кај соседот, еден приведен

Во тетовска Брвеница повеќе од 12 часа нема струја

Гори земјоделска задруга во тетовска Брвеница, пожарникарите со часови се обидуваат да го скротат огнот

Жарко Настоски

Река: За да живееме концепт на една Република за сите, треба да постои реална еднаквост