Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат корисниците од Втора јужна висока зона, вили Водно – резиденционален дел, улицата „Караорман“ и „Периша Савелиќ“, како и детската болница Козле.
Како што информира ЈП Водовод и канализација, прекинот е поради поврзување на нова мрежа Ф-400 милиметри на улицата „Тодор Александров“ бб до резервоар Барутана 1, а ќе трае до санирање на дефектот.