САД го блокираа назначувањето на поранешниот палестински премиер Салам Фајад за претставник на ОН во Либија.
Претходно оваа недела, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го извести Советот за безбедност дека го номинира Фајад за шеф на мисија во Либија, која ќе помогне за продолжување на преговорите за политички договор.
– Премногу долго ОН неправедно ја претпочита Палестинската автономна власт за сметка на нашите сојузници во Израел, изјави постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли, која изрази „разочарување” од номинацијата.
– САД не ја признаваат палестинска држава и не го поддржуваат сигналот кој оваа номинација би го испратила во ОН. Ние сепак ги охрабруваме двете страни да се обединат во напорите за наоѓање решение, додаде таа.
– Отсега САД ќе дејствуваат, а не само да зборуваат во поддршка на сојузниците, заклучи Хејли.