Да се биде родител е најубава, но и најтешка работа. Мајките и татковците секојдневно се соочуваат со дилеми, предизвици, стравови во врска со прашањето за правилно огледување на детето.
Експертите за одгледување на деца собрале 13 правила, кои ги нарекоа „светиот грал“ на воспитувањето. Ова е, велат, се што морате да знаете за одгледувањето на детето:
1. Дозволете му на детето да згреши
Сакате да одгледате самостојна личност, на детето морате да му дозволите понекогаш за згреши, без при тоа да му помагате. Запоменете – долгорочната добивка е тинејџер, кој на пример самиот знае да си ги испере алиштата.
Пред да се впуштите во тоа да му помогнете на детето во извршувањето на некоја физичка работа прашајте се: „Дали моето дете е во опасност?“. Потоа прашајте се дали детето ги има потребните вештини, дали е вешто и има рамнотежа и дали ги има задоволено основните потреби (дали е наспано или сито). Доколку одговорот е „да“ оставете го детето само да се обиде да ја изврши задачата.
2. Придржувајте се до трите правила на домашни задачи
– Првото правило – Најрпво направи го она што е најтешко.
– Второ правило – Тргни го мобилниот. За домашната задача на детето можеби ќе му треба технологија, како компјутер, но за тоа време барем не мора да испраќа СМС.
– Третото правило – Откатко ќе ја заврши домашната задача, да го среди ранецот за утре и да го стави покрај вратата.
Овој процес од три чекори лесно може да се освои, така што ќе видите дека вие многу помалку ќе морате да го „измачувате“ поради извршување на училишните должности.
3. Запоменте до акронимот Г.В.О.У
Нападите на бес често пати се случуваат бидејќи детето е гладно, вознемирено, осамено или уморно.
4. Практицирајте секојдневни акти на добрина
Учете го своето дете дека на другите треба да им помагаме секој ден, а не само на празниците. Поттикнете го детето барем еднаш дневно да стори некое мало добро дело, на пример да му помогне на пријател или на соседот да ги исчистат паднатите листови. Фокусирајќи се на другите луѓе, детето учи што значи да се биде благодарен.
5. Бидете строги околу времето за заминување на спиење
Истражувањата докажале дека 7-годишните деца, кои немаат одредено време за заминување на спиење имаат повеќе проблеми со однесувањето од оние кои секоја вечер заминуваат на спиење во исто време.
6. Оставете го да чита што сака
Децата, кои читаат од сопствено задоволство развиваат многу пошироки погледи на светот и се многу подобри не само по општествените, туку и по природните предмети. Најбитно е детето да стекне навика за читање.
7. Не му давајте на детето пари кога ќе ја раскрене својата соба
Доколку го наградите детето со пари кога ќе го намести креветот, тоа ќе очекува пари секој пат кога ќе го замолите да стори нешто или да ви помогне во извршувањето на домашните работи. На детето може да му давате месечен џепарлак, за да го научите правилно да располага со парите, но и за целокупното однесување, но не го наградувајте на дневна база.
8. Учете го на храброст
Сакате самоуверено дете? Од вашиот пример нека учи за ситни, здрави ризици во животот. На пример отидете сами во кино и потоа објаснете му на детето, зошто тоа не е нешто поради кое треба да се чувствува непријатно (голем број возрасни не сакаат да одат сами во кино бидејќи не се чувствуваат пријатно) или нека ве види детето како се смеете кога ќе сфатите дека цело утро сте ја носеле блузата наопаку, наместо да се срамите од тоа.
9. Не гответе посебни оброци за детето
Детето мора да научи да го јаде, она што го јадат неговите родители. Не мора да изеде се што се подготвиле за ручек, но мора да ги избере оние намирници, кои ќе му пружат хранливи материи.
10. Бидете особено внимателни кога ќе наполни 14 години
Во тоа доба влијанието на врсниците почнува да слабее, а детето почнува да размислува со своја глава, наместо само да ги следи другите. Сакате вашето дете што е можно побрзо да почне да размислува со своја глава, поттикнувајте го да разговара за своите пријатели (прашајте го на пример, што има ново кај неговите пријатели), за да знаете со кого се дружи.
11. Победете ги стравовите со здрав разум
Доколку детето се плаши од куче не го водете детето на другата страна на улицата кога кон вас ќе се приближи куче. Демистифицирајте го стравот. Кажете: „Гледај куче! Ајде да го прашаме сопственикот дали може да го погалиме и допреме, да видиме колку му е меко крзното“.
12. Малото дете за да биде тивко, намелете го својот глас, наместо да го повишите
На овој начин детето ќе се фокусира на она што му го зборувате. Можете проблемот да го направите и забавен. „Сакаш ли да слушнеш што ќе правиме сега, скокај на една нога“. Најмалите ваквите игри ќе ги воодушеват.
13. Најпрво внимавајте на себе, а потоа на детето
Сакате да бидете подобри родители, првенствено мора да водите сметка за себе. Родителите, кои самите себе се лишуваат од одмор, храна и забава заради децата, всушност никому не прават добро.