Могерини добила уверување дека САД ќе се придржува кон нуклеарниот договор со Иран

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини изјави денеска дека добила уверување на средбата со членови од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, оти САД ќе се придржува кон нуклеарниот договор на Иран со светските сили.

– Останав со убедувањето од она што го слушнав на средбите во Белата куќа и Стеј департментот дека САД се подготвени за целосна имплементација на договорот, посочи Могерини.

Шефот на европската дипломатија исто така наведе дека новата американска администрација се уште не одлучила кој ќе биде новиот амбасадор на САД во ЕУ, ниту што ќе се случи со блокираните трговски преговори меѓу Унијата и Вашингтон.

Могерини е на дводневна посета во Вашингтон, првпат по стапувањето на должност на новиот претседател Доналд Трамп.

Денеска таа разговараше со државниот секретар Рекс Тилерсон и се состана со Мајкл Флин, советникот на претседателот за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас