Градоначалникот на Гевгелија со писмо до Жбогар и Јанакакис бара деблокирање на Евзони

Од:

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов попладнево упати писмо со барање помош до евроамбасадорот Самуел Жбогар и грчкиот амбасадор во земјава Димитрис Јанакакис за деблокирање на македонско-грчката граница.

Франгов во писмото забележува дека е симптоматично тоа што блокадата е поставена само на границата со Република Македонија, а не и кон другите соседни земји на Грција.

Според него, деблокирањето на Евзони е од интерес на граѓаните, бизнис заедницата и локалните власти во пограничните општини зашто двете страни трпат огромни штети од блокадата.

– Изминативе години нашата општина реализираше повеќе проекти и активности со пограничните општини од Грција преку ИПА програмата на ЕУ и преку непосредни контакти со локалните власти. Ваквата соработка придонесе за подобрување на добрососедските односи ообено во пограничниот регион за што најдобра потврда се веќе реализираните проекти со Пеонија и Килкис и префектурата Пела, нагласува Франгов.

Подвлекува и дека токму поради ова граѓаните и претставниците на бизнис заедницата од двете страни реагираат на повеќедневната блокада на граничниот премин Евзони која го оневзоможува протокот на патници и возила.

Франгов во писмото го замолува Жбогар и Јанакакис, како и сите останати амбасадори во Македонија, во рамките на своите можности да помогнат во деблокирањето на Евзони и нормализирањето на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини