Холандската полиција денеска соопшти дека во камион ладилник, во близина на границата со Белгија, пронашла девет мигранти.
Во рацијата полицијата уапсила Шпанец, кој го возел камионот ладилник.
Мигрантите биле откриени откако еден од нив ја повикал полицијата, бидејќи биле премрзнати во ладилникот.
Полицијата ги пронашла синоќа бидејќи мигрантот кој ги повикал не ја прекинал врската, а и во таа погранична области има чести полициски патроли.
Мигрантот ја информирал полицијата дека верува дека ладилникот токму од Белгија преминал во Холандија, пренесуваат американските медиуми.
Во прашање се тројца мажи и три жени од Виетнам и уште тројца мажи од Ирак.
Полицијата наведе дека на мигрантите им било ладно, но дека не им била потребна лекарска помош.