Кредиторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд денеска се договорија за заеднички став кон Грција, изјави претставник на еврозоната.
– Средба меѓу кредиторите и грчки претставници ќе има во текот на денот. Реформите во Грција одземаат многу време, но се одвиваат во правилна насока, изјави во Хаг, претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
Тој додаде дека „е постигнат договор за единствен фронт пред Грците“.