Холандска полициска патрола во камион близу границата со Белгија откри супстанци, чие количество е доволно за изработка на милијарда таблети екстази.
Запленетата стока се стоела од 100 канистери водород, 15 тони натриум хидроксид и 3.000 литри други хемикалии, кои сами по себе вредат неколку стотици илјади евра, објавија локалните полициски власти на официјалниот Твитер налог.
Камионот е запрен во селото Риланд во покраината Зеланд, 80 километри јужно од Ротердам и 40 километри северно од Антверпен.