Ќе се реализираат првите „Идеи за Центар“ предложени од граѓаните

Од:

Општина Центар ќе го реновира игралиштето „Партизан“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ова е предлог на Филип Симеонов, кој го сподели на веб-платформата „Идеи за Центар“ и доби најмногу гласови од граѓаните.

Македонка Иванова преку Фејсбук профилот на градоначалникот, предложи да се обнови просторот околу автобуската постојка спроти Градежниот факултет со современа урбана опрема.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски оствари средба со Симеонов и Иванова, на која им се заблагодари за конструктивни идеи, а потоа заедно ги прецизираа деталите околу нивната реализација.

„Задоволство ми е што граѓаните споделуваат конструктивни идеи за создавање на уште поубав Центар, токму по нивна мерка. Општината е и ќе остане отворена за сите вакви предлози. Подготвени сме вистински да ги слушнеме и да помогнеме во нивната реализација. Им се заблагодарувам на Филип и Македонка, а воедно ги охрабрувам и сите граѓани да продолжат да ги споделуваат своите идеи на веб-страницата „Идеи за Центар“. Ние пак, ќе продолжиме да ја креираме општината заедно со граѓаните“, изјави градоначалникот Андреј Жерновски.

Ваквата пракса е продолжување на стремежот за отворена општината, општина по мерка, желби и идеи на граѓаните.

„Идеи за Центар“ е веб-платформа на која граѓаните можат да споделат своја идеја за поубав Центар, да гласаат за веќе постоечки идеи, или пак да дискутираат за истите. Идеите кои од граѓаните ќе бидат изгласано како фаворите, ќе бидат разгледани, а нај конструктивните од нив и реализирани со помош на општината.

Преку овој интернет сервис, граѓаните за прв пат во Македонија имаат шанса за директно да учествуваат во обликувањето на својот Центар, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории