Апелацискиот суд го отфрли указот на Трамп

Од:

Сојузниот апелациски суд одби да го врати во сила указот на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој на патниците на седум претежно муслимански земји на три месеци им беше забранет влез во САД и на четири месеци беше стопирана програмата за прием на бегалци.

На ова одлука веднаш реагираше Трамп, кој на Твитер напиша: „Се гледаме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање“.

Советот од тројца судии од Деветиот американски апелациски суд одби да ја блокира претходната одлука на понизок суд, со која се суспендира указот.

Постои можност за поднесување жалба до Врховниот суд.

Со одлуката на понискиот суд во Сиетл привремено е забранет указот, а адвокати на американското Министество за правда поднесоа жалба до Деветтиот апелациски суд за таа одлука.

Би можело да ве интересира

Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио