(ВИДЕО) СДСМ: Учениицте во Визбегово остана без ветеното училиште

Од:

„Учениците во Визбегово заслужуваат да учат во современо и модерно училиште. А погледнете го овој објект зад нас, што 10 години не е приоритет за локалната власт. А се работи за услови во кои учат и поминуваат дел од денот, ученици, нашите деца.

За родителите од населбата Визбегово во којашто има 3.000 жители, и за учениците, одењето во училиште е вистински кошмар.

Училишниот објект, како што може да видите, е во катастрофална состојба. Настава посетуваат само 10-тина ученици во една комбинирана паралелка. Останатите деца се приморани да пешачат со километри до соседни општини.

На последните локални избори во 2013 година, локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ вети изградба на ново основно училиште во Визбегово, но тоа не се случи. Рокот за изградба беше до јуни 2015. Денес е февруари 2017. Истекува третиот мандат на градоначалникот Петре Латиновски во општина Бутел. Ново училиште нема!

Граѓаните на Бутел сакаат ново училиште за своите деца и достоинствени услови за живот. Затоа, по промените на парламентарните избори ќе има промени и во локалната власт. Граѓаните ќе изберат одговорна и посветена локална власт којашто ќе се грижи за нивните реални проблемии и за потребите на нивните деца“, изјави Николина Нолевска, советник во Советот на Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски