Новиот воз за „Свети Трифун” бесплатно од Скопје до Демир Капија

Од:

Новиот воз во вторник на празникот „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите, бесплатно ќе вози од Скопје за Демир Капија. На тој начин сите заинтересирани ќе можат да бидат дел од традиционалната манифестација посветена на грозјето и производите од него, која ја организира демиркаписката општина. Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа, возот во Демир Капија ќе пристигне во 10:00 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15:00 часот. За време на манифестацијата, на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса и вино и ракија.

Во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата Св.Трифун“, општината организира бројни активности и натпревари за лозарите и за домаќинките. Се стартува утре со подигање на фестивалското знаме, а во Музејот на виното во 19:00 часот ќе има Изложба на фотографии од ископувањата на археолошките локалитети во Демир Капија ( Просек, Стрезов Град, Маркова Кула и Црквиште) 2015-2016 година, од авторот археолог Орданчо Петров.

Во сабота на програмата се натпреварите во закројување и најдобри домашно произведени вина и ракии, како и трибина „Производство на домашно вино и домашна ракија со примена на традиционални и иновативни технологии“” од предавачите магистер Андон Крстевски, директор на винарија „Стоби” и магистер Борис Нечев, енолог во винарија „Бовин”.

За недела е предвидена Мастер клас дегустација за вип личности, на која гости ќе бидат претставници на дипломатскиот кор. Во Кралска винарија „Гама”, ќе се презентираат по две врвни вина (бело и црвено) од винариите од Тиквешкиот регион „Бовин”, „Стоби”, „Гама”, „Тиквеш “и „Повардарие”. Во понеделник е натпреварот за најдобра трпеза со традиционални јадења во винаријата „Гама”.

Централниот настан ќе биде во вторник кога ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова” и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди”.

Би можело да ве интересира

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он