Димитриев-Хан: Да се почитува сувереноста во одлучување за државни прашања

Од:

Премиерот Емил Димитриев и еврокомесарот Јоханес Хан на денешната средба во Скопје истакнале дека е важно да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер, соопшти Кабинетот на премиерот.

Димитриев и Хан, кој престојува во Скопје како учесник на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ги поздравиле спроведените парламентарни избори оценувајќи ги како фер, кредибилни и демократски и претставиле свои мислења и видувања за разни аспекти на актуелната политичка ситуација.

Премиерот Димитриев и еврокомесарот Хан, ја истакнале значајноста и потребата од членството на Република Македонија во Европската Унија и дале позитивна оценка за меѓусебните односи.

На средбата биле акцентирани реформите кои се потребни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери и е изразена посветеност кон продолжување на соработката во нивното спроведување.

– Еврокомесарот Хан истакна дека Европската Унија го почитува интегритетот на нашата земја и нашата европска иднина. Соговорниците истакнаа дека е битно да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер, се вели во соопштението.

Премиерот Димитриев потенцирал дека Владата во рамки на своите ингеренции е посветена кон реализација на сите потребни активности за водење на земјата и реализација на стратешките цели за европска и евроатланска интеграција. Тој, стои во соопштението, нагласил дека изјавите и постапките на определени политичари од соседните земји кои предизвикуваат негативни чувства кај граѓаните на Република Македонија не се во функција на унапредување на добрососедските односи додавајќи дека нашата земја ќе продолжи со спроведување на политики кои значат соработка со сите заинтересирани страни во регионот во сфери кои се од заеднички интерес.

– Еврокомесарот Хан истакна дека Европската Унија го почитува интегритетот на нашата земја и нашата европска иднина. Соговорниците истакнаа дека е битно да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер, соопшти Кабинетот на премиерот.

Во македонската Влада евромесарот Хан претпладнево присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан, по што ќе учествува на Министерскиот состанок во МНР.

На маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание. Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада