Германската полиција бара двајца осомничени членови на терористичка организација

Од:

Припадници на германските специјални полициски единици денеска пребаруваат неколку локации во потрага по двајца осомничени за помагање на терористичката група Џабхат ал Нусра, објави германското јавно обвинителство.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин претрагите се вршат во домови и деловни простории во покраината Сеерна рајна Вестфалија а во соработка со британските власти истрагата опфаќа и локации во Велика Британија.

„Двајцата осомничени се товарат дека неколку години ја поддржувале странската терористичка организација ЏАН (Џабхат ал Нусра)“, се вели во соопштението на германското обвинителство.

Според обвинението осомничените прибирале донации и организирале конвои до Сирија. Помошта се состоела од медицинска опрема и лекови, медицински возила и храна а ја добивала организацијата ЏАН која што предходно била дел од Ал Каеда. Транспортот се одвивал со помош на документи на организациите „Доктори со срце“ и „Доктори без граници“.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ