Дали знете што вашето дете објавува на социјалните мрежи? Обрнете внимание, разговарајте со децата. Истражувањата покажуваат дека секое второ дете пријавува дека е жртва на кибер насилство.
Речиси 90 отсто од децата на возраст од десет до 15 години имаат мобилни телефони, а голем број од нив се подготвени да ги остават своите личи податоци на Интернет, вклучувајќи ја адресата на живеење, објави невладината организација Сејв д чилдрен (Save the children) по повод Денот на безбедноста на интернет кој се одбележува денеска.
Резултатите од истражувањето, кое оваа организација ги спроведе во текот на минатата година за однесувањето и навиките на децата на Интернет покажаа дека голем број деца секојдневно користат информациски-комуникациски технологии и имаат пристап до Интернет од нивната деветта година од животот.
Речиси сите деца имаат апарати прекку кои пристапуваат до Интернет, а најчесто тоа е мобилниот телефон.
Организацијата сака да го сврти вниманието на безбедносните предизвици кои произлегуваат од масовното користење на информациско-комуникациската технологија, а особено во контекст на безбедноста на децата како најранлива категорија.
Информациско-комуникациската технологија брзо се развива. Новата генерација на деца растат користејќи ги најновите производи од оваа област, додека знаењето и искуството на родителите најчесто заостанува, се констатира во истражувањето.
Според резултатите од истражувањето, 90,5 отсто од децата на возраст од девет до 17 години имаат профил на една или повеќе социјални мрежи, Твитер, Фејсбук, Инстаграм.
Секое четврто дете се нашло во ситуација негова фотографија да биде објавена без негова дозвола, а 28 отсто од децата опфатени со истражувањето доживеале закани на Интернет три или повеќе пати.
Во случај на проблеми, 50 отсто од децата не би пријавиле случај на вознемирување на Интернет, а помалку од третина од испитаните деца би се обратиле до училишниот персонал.
– Евидентна е потребата за образование на децата и нивните родители за опасностите, кои се случуваат на Интернет и за начините на кои детето од нив може да се заштити, рече директорката на Сејв д чилдрен за северозападниот Балкан, Андреа Жеравчиќ.